Опозицијата со критики за реформите во образованието
Во рамките на пратеничко прашање упатено до министерката за образование Царовска, пратеникот Мисајловски критикуваше дека од ресорното министерство досега не е слушната ниту една издржлива и убедлива анализа, ниту пак има стратегиски документ.

Револтот кон новата концепција за реформи во основното образование достигнува кулминација по најавата дека печатените учебници ќе се заменат со дигитални, велат од ВМРО- ДПМНЕ. Во рамките на пратеничко прашање упатено до министерката за образование Царовска, пратеникот Мисајловски критикуваше дека од ресорното министерство досега не е слушната ниту една издржлива и убедлива анализа, ниту пак има стратегиски документ.
Задоволна сум од тоа што во ВМРО-ДПМНЕ многу загрижени и заинтересирани за образованието, а 12 години имаа можност да го покажат својот капацитет за раководење со овој сектор, одговори министерката за образование Царовска.
Царовска укажа и дека планираните реформи одат во насока на подобрување на образованието.
Марија Котовска
