Со помош на Кралството Норвешка зголемен капацитетот на јавното здравство
Министрите Шекеринска и Филипче на денешното примопредавање на донацијата му се заблагодарија на одбранбеното аташе на Кралството Норвешка, потполковникот Егил Далтвеит за исклучителното залагање и за брзата и ефикасна организација на донацијата.

Јавното здравство од денеска на располагање има дополнителни 100 респиратори, донација од Директоратот за здравство на Кралството Норвешка.
Министрите Шекеринска и Филипче на денешното примопредавање на донацијата му се заблагодарија на одбранбеното аташе на Кралството Норвешка, потполковникот Егил Далтвеит за исклучителното залагање и за брзата и ефикасна организација на донацијата.
Шекеринска порача дека сета досегашна поддршка – медицинската помош, брзите тестови и, денеска, 100 респиратори, нема да биде заборавена и дека таа се должи на неколкумина исклучително посветени луѓе кои го засилија пријателството помеѓу народите и државите. Додаде дека помеѓу двете земји има искрен интерес за дополнително засилување на одбранбената соработка.
Министерот Филипче порача дека овие респиратори се здравствен капацитет кој ќе има поширока примена и ќе се користи по завршувањето на оваа криза. Додаде дека овој чин на помош е уште еден доказ дека партнерствата вредат и се познаваат тогаш кога е најпотребно.
Потполкиовникот Далтевеит изјави дека донацијата на респираторите во вредност од 600.000 евра е организирана за само неколку дена. Помеѓу вооружените сили на Северна Македонија и на Кралството Норвешка има одлична соработка, која уште повеќе се интензивираше од членството во НАТО – порача Далтвеит.
