Заев: Антикризните мерки даваат резултати, економијата закрепнува
Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4% е растот на вкупните приходи, 5% е растот на даноците и придонесите. Вториот пакет економски мерки е имплементиран 100%, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82%- изјави премиерот Заев...

„Имаме позитивни сигнали дека економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број во кредитирањето и растот на просечната плата, тоа во услови на економска криза заради пандемијата, а како директен ефект на сите донесени анти-кризни мерки за ублажување на последиците по економијата, стопанството и стандардот на граѓаните“, истакна премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.
Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4% е растот на вкупните приходи, 5% е растот на даноците и придонесите. Вториот пакет економски мерки е имплементиран 100%, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Мерките од петтиот и шестиот пакет се во тек, и сето тоа помогна да го подобриме економскиот резултат за 4,2 процентни поени, потенцираше претседателот на Владата.
Премиерот Заев додаде дека стопанството е поддржано како никогаш досега и потенцираше дека редовно се исплаќаат платите, пензиите, социјалната заштита, и ги реализираме сите мерки за поддршка на економијата и граѓаните.
Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.
