МВР
Приведен крадец, пронајдени украдени повеќе велосипеди во неговиот дом
28.04.2021 19:20
Денеска полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.Х.(29) во с.Визбегово...

Денеска полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.Х.(29) во с.Визбегово, скопско, при што беа пронајдени i одземени седум велосипеди, кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
