Шумахер изгубил 20 кг за 12 недели во кома

21.03.2014 13:15

Поранешниот светски првак во Формула 1, Мајкл Шумахер, според информациите на италијанските и германските медиуми, денес има само 55 кг.

Имено, за 12 недели откако лежи во кома, 45 годишниот Шумахер ослабел дури 20 кг, односно една четвртина од неговата првобитна тежина.

"Губењето на килограми е нормална појава кај коматозните пациенти, но 20 кг е премногу", изјави доктор Курт Дием од болницата во германскиот Карлсбад и додаде дека се претпоставува дека мускулите на Шумахер значително ослабеле поради неподвижноста.

За потсетување, германската Формула 1 легенда доживеа тешка несреќа пред Нова година, додека беше на скијање во Швајцарија.

Иако од несреќата поминаа скоро 12 недели неговата менаџерка Сабина Кем и блискиот пријател Жан Тод и понатаму се надеваат на неговото целосно опоравување.

Во меѓувреме Mercedes ја посвети својата победа за Големата награда на Австралија, токму на Шуми, нивниот поранешен возач.