Ковид-19

СЗО повика да се донираат пари за вакцини против Ковид-19

28.04.2021 18:47

Најавувајќи ја донаторската кампања, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека се дава можност на сите што сакаат лично да придонесат за вакцинирање ширум светот со скромна донација од седум долари и на тој начин да помогнат во прекинување на пандемијата.

Светската здравствена организација ги повика сите во светот да донираат по седум американски долари за да обезбедат дополнителни средства за меѓународната програма за споделување вакцини против коронавирус КОВАКС.

Најавувајќи ја донаторската кампања, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека се дава можност на сите што сакаат лично да придонесат за вакцинирање ширум светот со скромна донација од седум долари и на тој начин да помогнат во прекинување на пандемијата.

Според СЗО, седум долари можат да ги покријат трошоците за купување и доставување единечна доза вакцина на некого во земја со ниски примања. Кампањата исто така ќе се обиде да обезбеди дополнителни средства преку компании чии вработени и клиенти ќе бидат поканети да се вклучат со донација.