Ковид-19
„Фајзер/ Бионтек“: Вакцината е ефикасна и против индиската мутација
28.04.2021 19:59
Иако тестирањето е во тек, индиската мутација веќе ја проучувавме и нашата вакцина делува против неа, истакна Сахин на онлајн прес-конференција.

Основачот и директорот на лабораторијата „Бионтек“, Угур Сахин изјави дека е уверен во ефикасноста на својата вакцина, која е развиена со американската компанија „Фајзер“, и против „индиската мутација” на коронавирусот.
Иако тестирањето е во тек, индиската мутација веќе ја проучувавме и нашата вакцина делува против неа, истакна Сахин на онлајн прес-конференција.
Тој нагласи дека „Бионтек“ ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30 мутации на вирусот и секојпат е добиен барем „доволен имунолошки одговор”.
Варијантата В.1.617, која прво се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји.
