Кинотека

Наградата „Златен објектив“ годинава за монтажерот Тасевски и режисерот Манев

28.04.2021 19:06

Наградата се доделува секоја година на роденденот на кинотеката за филмски работници кои придонесле за развојот и промовирањето на македонската кинематографија.

Спасе Тасевски и Коле Манев се годинашните добитници на „Златен објектив“, соопштуваат од Кинотека на Македонија. Наградата се доделува секоја година на роденденот на кинотеката за филмски работници кои придонесле за развојот и промовирањето на македонската кинематографија.

Тасевски е телевизиски и филмски монтажер. Од 1965 година работи во МРТ, а паралелно се занимава и со монтажа на играни, документарни и анимирани филмови. Манев, пак, спаѓа меѓу најеминентните македонски сликари, но тој е и филмски и телевизиски творец. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.