Маричиќ: Не постојат фантомски изводи
Како што дополни министерот, на пописот секој граѓанин треба сам да ги внесе податоците или да ги даде податоците. Посочи дека пописот и информациите кои се собираат за пописот, не се собираат според документите или изводите, туку се споредуваат само со официјалните регистри.

Не постојат фантомски изводи, тоа е опасно замајување на јавноста, бидејќи не само што не постојат, туку на попис кој што ќе се реализира во септември оваа година не се попишуваат изводи, се попишуваат граѓаните, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање.
Како што дополни министерот, на пописот секој граѓанин треба сам да ги внесе податоците или да ги даде податоците. Посочи дека пописот и информациите кои се собираат за пописот, не се собираат според документите или изводите, туку се споредуваат само со официјалните регистри.
Додаде дека пописот се базира на непосреден контакт со граѓаните и непосреден контакт со секое домаќинство во државата, а надвор од државата со регистрација на секој поединец.
Министерот додаде дека дигитализацијата на матични книги за родени, венчани и умрени е приоритетна цел на Управата за водење на матични книги.
