Пандемија

Бројот на случаи на Ковид-19 во светот надмина 150 милиони

29.04.2021 09:22

Досега 150.133.225 луѓе ширум светот биле заразени со коронавирусот, 3.161.611 починале, а 127.582.445 закрепнале од болеста.

Повеќе од 150 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во светот од почетокот на пандемијата, од кои повеќе од 19 милиони се активни, покажуваат најновите податоци на страницата „Ворлдометар“.

Досега 150.133.225 луѓе ширум светот биле заразени со коронавирусот, 3.161.611 починале, а 127.582.445 закрепнале од болеста.

САД сè уште се на прво место по бројот на случаи и смртни случаи со 32.976.533 заразени и 588.180 починати. На второ место според бројот на болни е Индија со над 18 милиони заразени, а на трето е Бразил со над 14 милиони заразени.