Сообраќај

РСБСП: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците

29.04.2021 09:58

РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

Пред нас се денови на празници, неработни денови и продолжен викенд  кој  најчесто се користи за патување,  излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Пандемијата со Ковид- 19, забраната за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењето, и оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослават велигденските и првомајските празници, велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

РСБСП потсетува дека  искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици. РСБСП потсетува дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин и аперлира  да се задржи здравиот разум и одговорноста и максимално  да се почитуваат  сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.

Од РСБСП веласт дека безбедното одвивање на сообраќајот  зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствија кои ги преземаме. Внимателното и одговорно учество во сообраќајот, внимателното возење е основен предуслов за безбедни празнични денови.