МВР
Приведен дилер од Гостивар, пронајден хероин во неговото возило
29.04.2021 10:01
При преглед во неговото возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки бил пронајден и одземен хероин.
Вчера од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координирана акција со СВР Скопје – Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Тетово – ОВР Гостивар лишен е од слобода С.Б.(58) од Гостивар. Имено, при преглед во неговото возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки бил пронајден и одземен хероин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
