САД

Бајден пред Конгресот: Америка се врати

29.04.2021 10:07

Американскиот претседател даде отчет за првите 100-те дена од преземањето на функцијата. Новата администрација успеала да ја врати вербата во демократијата и да почне процес за обнова на економијата настрадана од пандемијата на Ковид-19

Во обраќањето пред двата дома на американскиот Конгрес, претседателот на САД, Џо Бајден даде отчет за првите 100-те дена од преземањето на функцијата. Новата администрација успеала да ја врати вербата во демократијата и да почне процес за обнова на економијата настрадана од пандемијата на Ковид-19. Во однос на меѓународната сцена, Бајден истакна дека Америка се вратила и има намера да остане.

„Му реков на Путин дека не сакаме ескалација но дека ќе одговориме жестоко на нивните активности. Да докажаме дека демократијата работи… дека таа е истрајна и силна. Автократиите нема да ја добијат иднината, ние ќе ја добиеме“, нагласи Бајден.

Освен за соперништвото со автократиите, Бајден се осврна и на економијата, образованието, новите работни места, вакцинацијата, како и климатските промени.