Европа

Германија: Четири лица убиени во болница во Потсдам

29.04.2021 10:12

Полицијата соопшти дека покрај мртвите тела, на Клиниката за ортопедија пронашла и тешко повредено лице.

Четири лица биле пронајдени мртви во болница во германскиот град Потсдам, недалеку од Берлин. Полицијата соопшти дека покрај мртвите тела, на Клиниката за ортопедија пронашла и тешко повредено лице.

Врз жртвите биле забележани знаци на екстремно насилство. За убиствата е сомничена жена која била вработена на клиниката и која е уапсена.