Свет
Колумбија: Протести поради зголемување на данокот
29.04.2021 10:37
Колумбија страда од фискален дефицит поради пандемијата, и со новата мерка се обидува да поврати 5,4 милиони долари...

Илјадници демонстранти се спротивставија на ограничувањата на Ковид-19 и излегоа низ улиците на Богота во знак на протест против предложеното зголемување на даноците на колумбискиот претседател Иван Дуке, истакнувајќи дека мерките негативно ќе влијаат на средната класа.
Колумбија страда од фискален дефицит поради пандемијата, и со новата мерка се обидува да поврати 5,4 милиони долари. Сепак, либералите и радикалите кои имаат мнозинство во Конгресот, се цврсти дека ќе гласаат против предлогот.
