Традиција

Пред изгрејсонце се вапсаа велигденските јајца

29.04.2021 11:22

Пред изгрејсонце се вапсаа велигденските јајца. Традициите и адетите остануваат и во овие тешки, пандемиски времиња како надеж и желба за здравје. Втор Велигден изостануваат средбите и дружењата, ама не згаснуваат надежите. Во Прилеп традициите вкоренети...

Пред изгрејсонце се вапсаа велигденските јајца. Традицииите остануваат. Времињата тешки, опасни, ама предвелигденските адети се чуваат. Со внимателност, грижа за домашните.

Прилепското здружение на жени „Преродба“ кое ги негува традициите и ги пренесува на младите е упорно. Поради пандемијата загубија неколку членки, но адетите, велат, им даваат сила, иако без големи дружби, но со добра мисла за здравје и претпазливост да го пречекаат празникот над празниците.

Вапсаното велигденско јајце, традициите, адетите и желбите за здравје ќе бидат првата желба и молитва и за овој Велигден.

 

Елизабета Митреска