Ковид-19

Филипче: Граѓаните одговорно да празнуваат

29.04.2021 12:17

Министерот Филипче ги повика граѓаните одговорно да празнуваат. Потврди дека Индискиот сој на Ковид-19 го нема во земјава. Според Филипче, ригорозните мерки придонесоа за намалување на бројот на новозаболени и хоспитализирани, а тој тренд е присутен и кај децата. Имунизацијата на населението се засилува по Велигденските празници со новите дози на кинески вакцини...

Верниците да не се причестуваат со иста лажичка за Велигден, апелираше министерот Филипче кој ги повика граѓаните одговорно да празнуваат. Рече, сите мини кластери потекнуваат од масовни собири и повтори дека верските лидери се обврзале да се почитуваат мерките. Прашан за Индискиот сој на корона вирусот кој брзо се шири во светот, министерот потврди дека го нема во земјава.

Ригорозните мерки придонеасоа за намалување на бројот на новозаболени и хоспитализирани лица, а тој тренд е присутен и кај децата. Новите респиратори веќе се ставени во функција.

Имунизацијата на населението се засилува по Велигденските празници со новите дози на кинески вакцини. Дневно ќе се аплицираат по 10 илјади дози. Досега вакцина примиле 60 илјади лица. Сите имунизирани ќе добијат и сертификат со кој ќе може да патуваат во странство.

На 14-ти мај се отвораат границите со Грција кадешто освен со сертификатот, ќе може да се патува и со негативен ПСР тест, а се чека одговор од грчката влада и дали ќе се признава брзиот антиген тест.

Граѓаните вакцинирани во Србија ќе може да патуваат со сертификатите добиени од српските здравствени власти.

Анита Димитријевска Велковска