Во Штип започна одбележувањето на празникот „Четрсе“

21.03.2014 13:22

Во Штип започнува дводневното одбележување на празникот „Четрсе“. Обичајот на искачување на Исарот и фрлање на 40 каменчиња, е првото нематеријално културно добро од Македонија, што лани од декември е на репрезентативната листа на УНЕСКО. Како се подготвуваат штипјани за празникот?

Амбасадорите ќе засадуваат рози во обновеното корито на реката Отиња, а закажани се концерти и изложби на архитектонско наследство, на фотографии и на цртежи. Главниот настан е во сабота, кога се очекува неколку десетици илјади штипјани и гости на градот да го искачат стрмниот Исар. 

Сите останати граѓани од Штип го искачуваат Исарот, се фрлаат 39 каменчиња, четиресетото се остава под перница ноќта.  Тоа пак има друго значење -  се верува дека сонот кој ќе се сонуваат таа вечер, ќе им претскаже со кого ќе го поминат остатокот од својот живот“, вели етнологот Елизабета Иванова.

За жителите на Исарот 22-ри март е ден за слава, кога се дочекуваат гости. Традиција е да се подготват к’тарки или пуканки, 40 тиганици или мекици, и 40 чаши ракија за гостите, вели штипјанката Софка Коцева.    

„Мора да има пуканки и тиганици. Додадеме и нешто благо, сок, кафе... Доаѓаат луѓе, но, масовноста зависи од времето. Реткост е да нема ветер на тој ден“, изјави Коцева.

Обичајот на фрлање на каменчиња од Исарот во чест на 40-те севастополски маченци  прв го запишал револуционерот Ѓорче Петров во книгата „Материјали од изучувањето на Македонија“. Од оваа година Четр’се е нов предизвик за општинската власт, традицијата да ја претвори во туристичка атракција која ќе носи гости.

 

Весна Коловска