Економско- социјален совет

Економските мерки помогнаа, приоритет е поддршката на работниците

29.04.2021 14:35

Свечена седница на Економско- социјалниот совет во пресрет на 1-ви мај, Меѓународниот ден на трудот. „Приоритет на Владата е поддршка на работниците“, рече премиерот Заев. Од Владата порачаа дека во време на пандемија, антикризните мерки помогнаа, продолжи континуиран раст на минималната плата. Синдикатите апелираат на солидарност и заедништво во услови на криза. Работодаваците порачуваат дека работничките права треба да се почитуваат...

Економските мерки ги ублажија последиците од ковид пандемијата, вели премиерот Заев. Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот, 1-ви мај, порача дека борбата е секое работно место да биде задржано во услови на криза. Посочи дека изминатата година беше обезбедена поддршка за 48 компании и над 190 илјади работници. Од Владата најавуваат раст на минималната плата од 40 проценти и раст на просечната од 30 проценти.

Синдикатите апелираат на солидарност и заедништво. Бараат пристојна работа и пристојна плата за работниците. Работодавачите порачаа дека работничките права треба да се почитуваат. Секое прекршување на законите, велат, треба да се санкционира.

Претставниците на трипартитното тело по повод Меѓународниот ден на трудот , 1-ви мај одржаа свечена седница на Економско социјалниот совет.

 

Дијана Ценевска