Фудбал
Рамос спремен да прифати помала плата, но не колку што бара Реал
29.04.2021 15:30
Капитенот се согласува за намалување на платата за 10%, додека „кралскиот“ клуб бара од него намалување за 20%...

Договорот на Рамос со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Рамос е спремен да прифати помала плата. Тој лично имал разговор со претседателот Перез и ги изнел своите услови.
Меѓутоа, капитенот се согласува за намалување на платата за 10%, додека „кралскиот“ клуб бара од него намалување за 20%.
Сепак, се чини дека сега двете страни се поблиску до договор за продолжување на соработката со 2023 година.
