Тенис, Мастерс 1000, Мајами

Ниеминен и Томиќ за историја

21.03.2014 13:33

Јарко Ниеминен и Бернард Томиќ влегоа во аналите на тенисот со најкраткиот меч откако АТП почна да ги бележи рекордите во популарниот спорт. Во првото коло на турнирот во Мајами од Мастерс 1000 серијата, Финецот победи со 6-0 и 6-1 по сетови, а часовникот запре точно по 28 минути и 20 секунди.

74.играч на светот, Австралиецот со хрватско потекло, му даде и повеќе од скромен отпор на финскиот ветеран, којшто загуби само 13 поени во своите седум сервис-гема. За 21-годишниот Томиќ ова беше прв меч по австралискиот гренд слем во Мелбурн и по операцијата на двата колка.

„Чувствувам дека го дадов најдоброто што можев и среќен сум што се враќам. Ќе ми треба малку време да достигнам 100% подготвеност, не е лесно, но се обидувам“, изјави по убедливиот пораз момчето коешто се сметаше за огромен талент во јуниорските денови. Највисокиот ранкинг на Томиќ му беше 27.место на АТП-листата, а во кариерата има и четвртфинале на Вимблдон во 2011.

Победата на Ниеминен го надмина досегашниот рекорд на Грег Руседски, којшто во 1996 на турнир во Сиднеј го совлада Карстен Ариенс со 6-0 и 6-0 по сетови за 29 минути.

Добра причина за паметење на денот на Мастерс турнирот во Мајами и австралискиот ветеран Лејтон Хјуит. Со триумфот над Робин Хасе од 3-6, 6-3 и 6-3 по сетови, поранешниот светски рекет број 1 стана третиот активен играч којшто ја достигнал границата од 600 победи во кариерата. Пред него се само Рафаел Надал со 675 и Роџер Федерер со 942.

„Немаат многумина шанса да се приближат до овој дострел, што значи дека во тенисот сум страшно долго време“, рече 33-годишниот Хјуит. „Станувам постар. Пред две години, кога ги имав последните операции, се сомневав дека ќе стигнам до оваа фаза. Благодарен сум што се уште сум во ова и што можам да се натпреварувам со најдобрите момци“.