САД

Бајден: Америка повторно се движи напред

30.04.2021 14:51

Америка повторно се движи напред, рече американскиот претседател Џозеф Бајден на почетокот од своето обраќање по повод 100-те дена во Белата кука пред членовите на Сенатот и претставничкиот дом на Конгресот, и потсети на историските околности каде што двете жени потпретседателката Камала Харис и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, демократите седеа покрај него во текот на обраќањето…

Шефот на американската држава Џозеф Бајден порача дека Америка го избра патот на надежта, а како приоритети во првите 100 дена беше реакцијата за пандемијата, вклучувајќи го и вакцинирањето како и државниот план за вработувањето и растот на економијата што за таа цел владата одвои 1, 9 билиони долари

-Овој план ќе ни овозможи во текот на 2021-та година да ја преполовиме бројката на децата коишто живеат во сиромаштија, Во тој процес одвоени се 1, 3 милиони работни места, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Шефот на американската држава повика на единството во државата во зачувување на демократските вредности, а во врска со надворешната политика, потсети дека Вашингтон ќе ги брани американските интереси вклучувајќи ја и глобалната економија.

- Ќе го задржиме военото присуство на Пацификот како што тоа го правиме со Северноатланската алијанса во Европа, меѓутоа не да започнеме судир туку да го спречиме, изјави Бајден.

Бајден кажа дека преку дипломатијата ќе соработува со сојузниците околу нуклеарните прашања со Иран и Северна Кореја, со кинеските ќе ги задржи царините а русите прецизираше дека директно и пропорцијално одговори на обидите за мешање на изборите во 2020-та година и за сајбер нападите, а во врска со повлекувањето на трупите од Авганистан, САД ќе бидат внимателни околу терористичките закани без оглед од каде тие доаѓаат.

Американскиот претседател се осврна и за промените во миграциската политика, за законот за носење оружје, и за стратегијата за климатските промени.

 

Мирјана Василева