75% од бизнисите преку мерката за самовработување се одржливи

21.03.2014 13:44

Во пет години преку програмата за самовработување биле формирани 5.835 микро бизниси, 75% од нив одржливи. Ова е значаен чекор во намалување на невработеноста, оценува вицепремиерот Владимир Пешевски пред учесниците на обуката „Претприемништво и бизнис планирање“ која досега ја посетиле седум илјади кандидати.

„Низ програмата за самовработување што е започната од 2007 година па навака се поминати 7.000 лица, а успешноста е околу 75%, што значи дека 75% од компаниите стартувани со овие мерки успеале да опстанат на пазарот во период подолг од три години“, нагласи Пешевски.