Вархеји во вторник во посета на Скопје
Турнејата на Вархеји низ Западен Балкан е по повод доставувањето на првите вакцини против Ковид-19 со финансиски средства од Европската Унија.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји од понеделник на турнеја низ земјите од Западен Балкан. Во понеделник ќе ја посети Србија, а како што информира Европската комисија, во вторник еврокомесарот ќе ги посети Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а потоа в среда ќе престојува во Албанија и Косово.
Турнејата на Вархеји низ Западен Балкан е по повод доставувањето на првите вакцини против Ковид-19 со финансиски средства од Европската Унија.
Вархеји истакна дека патува во земјите од Западен Балкан со цел да пренесе јасна порака дека ЕУ се грижи за своите партнери.
Европската унија за земјите од регионот обезбедни вкупно 651.000 дози вакцини од „Фајзер/Бионтек“.
