Заев: Да се воздржиме од посета на црквите и манастирите и да ја упатиме благодарната молитва во нашите домови
Премиерот Заев со повик до граѓаните да се воздржат од посета на црквите и манастирите, и веста за воскресението Христово да ја пречекаат во домовите, во кругот на семејството.

Премиерот Заев со повик до граѓаните да се воздржат од посета на црквите и манастирите, и веста за воскресението Христово да ја пречекаат во домовите, во кругот на семејството.
„Ако сепак одлучите да одите во црква, послушајте ги препораките на свештенството и направете го тоа со најголемо внимание со придржување на мерките за заштита, заради себе си и заради другите. Да ја чуваме надежта што ја носи со себе Велигден, дека оваа кризна состојба ќе биде надмината и ќе се вратат деновите кога ќе можеме да се собереме во нашите храмови и заедно да се радуваме на Христовото воскресение“, вели во апелот, македонскиот премиер.
