Ковид-19
„Фајзер“ и „Бионтек“ со барање до ЕМА да ја одобри вакцината за деца од 12 до 15 години
30.04.2021 17:26
Барањето се заснова на позитивните резултати од клиничката студија во која учествувале 2.260 учесници...

„Фајзер“ и „Бионтек“ поднеле барање до Европската агенција за лекови (EMA) за проширување на употребата на нивната вакцина за коронавирус на деца на возраст од 12 до 15 години.
Барањето се заснова на позитивните резултати од клиничката студија во која учествувале 2.260 учесници на возраст од 12 до 15 години, соопштија компаниите.
Претходно овој месец, компаниите поднесоа слично барање до регулаторот во САД за нивната вакцина, која веќе е одобрена за употреба кај лица постари од 16 години и во САД и во Европската Унија.
