В среда почнува судењето за аферата „Двојник“
30.04.2021 16:29
Обвинителството на средината на месецов поднесе обвинение против 11 лица. Десет се гонат за злоупотреба на службена положба и овластување, а едно за поттикнување.

Во среда, на 5-ти мај почнува судењето на обвиниетите во полициската акција „Двојник“, за издавање македонски патни исправи со лажни идентитети.
Обвинителството на средината на месецов поднесе обвинение против 11 лица. Десет се гонат за злоупотреба на службена положба и овластување, а едно за поттикнување.
За последниов обвинет, Раиф Мифтари е распишана меѓународна потерница, а во случајот се проверува инволвираноста и на други лица.
Аферата „Двојник“, или како што ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува „Мафија“ предизвика големи обвинувања меѓу власта и опозицијата во земјава.
