На Велипеток во храмовите со протоколи
Храмовите најпосетени на Велипеток. Верниците да се помолат за здравје, да запалат свеќа, за црквата тоа е најтешкиот и најтажен ден во Христијанството поради страдањата и распнувањето на Исус Христос. Во храмовите со протоколи за запазување на здравјето, верниците со верба во обичаите, но и со претпазливост...

На Велипеток пред и во црквите. На најтешкиот ден во Христијанството верниците во редови, трпеливо да запалат свеќа, да се помолат за здравје. Црковните власти се покрижија за протоколи и да нема навалици во храмот.
Верниците не се откажуваат од вербата. Велат, ги чуваат традициите, ама се и претпазливи.
Велигденските адети и традиции се длабоко вкоренети во народот, особено во прилепско. Изменети поради пандемиското време, посебно без големо дружење, но во основа остануваат како ред во хаосот и за моралните вредности.
Со традициите и обичаите се и препораките за достоинствено, внимателно празнување на Велигден- на празникот над празниците.
Елизабета Митреска
