Физичка пресметка меѓу затвореници во „Идризово“

30.04.2021 18:20

Во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје, соопштија од МВР.

Во СВР Скопје, вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје, соопштија од МВР.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додават од таму, информираат од МВР.