Камчев останува во притвор, Апелација не прифати гаранција од 1,7 милиони евра

30.04.2021 21:05

Судот смета дека гаранцијата не е доволна, бидејќи сѐ уште постои опасност од негово бегство.

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор, откако Апелацискиот суд во Скопје ја одби понудената гаранцијата во висина од 1,7 милиони евра поднесена од неговите бранители за да биде пуштен во домашен притвор.

Судот смета дека гаранцијата не е доволна, бидејќи сѐ уште постои опасност од негово бегство.

Камчев кој е осомничен во случаите „Империја“ и „Плацевите на Водно“ останува во Истражниот затвор „Скопје“.