Антикорупциска отвори предмет за имотната состојба на новата претседателка на Судскиот совет
Предметот е оформен по допрен глас откако Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка ја обвинија за инволвираност на нејзиното семејство со малверзации со кредити од оваа банка.

Антикорупциската комисија отвори предмет за имотната состојбата на новата претседателка на Судскиот совет, Павлина Црвенковска.
Предметот е оформен по допрен глас откако Здружението на оштетени штедачи во Еуростандард банка ја обвинија за инволвираност на нејзиното семејство со малверзации со кредити од оваа банка. Имено, нејзиниот сопруг, Зоран Црвенковски, преку фирмата „Екопласт Рисајклинг“ зел кредит од 1,6 милиони евра и не го враќал две години.
Црвенковска негира дека нејзиното семејство учествувало во малверзации со кредити. Потенцира- Судскиот совет носи одлука со мнозинство гласови.
