Работниците го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот со бројни прекршувања на работничките права

01.05.2021 09:50

Двата најголеми синдикати најавија симболично одбележување на Меѓународниот ден на трудот, со мали собири и почитување на протоколите...

Први мај, ден за скара на отворено или ден кога работниците излегуваат на улица, барајќи подобри услови за работa. И годинава пандемијата од Ковид-19 ја исклучи оваа дилема. Двата најголеми синдикати најавија симболично одбележување на Меѓународниот ден на трудот, со мали собири и почитување на протоколите.

Од Сојузот на синдикати на Македонија бараат од Владата пристојна работа и пристојна заработувачка, а од Конфедерацијата на слободни синдикати со став, си ги бараме нашите работнички права кои секојдневно се кршат.

Економските мерки ги ублажија последиците од ковид- пандемијата, смета премиерот  Заев. Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот, први мај, порача  дека  борбата  е секое работно место да биде задржано во услови на криза.