Светиот благодатен оган пристигнува во државава
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски на Атинскиот аеродром ќе го преземе светиот оган од грчката државно- црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим.

Вечер на Скопскиот аеродром ќе пристигне Светиот благодатен оган. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски на Атинскиот аеродром ќе го преземе светиот оган од грчката државно- црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим.
Потоа ќе му го предаде на неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан во резиденцијалниот манастир „Свети Георгиј Победоносец“ во Скопје.
Благодатниот оган ќе биде преземен и од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата.
