Заев: Зачувавме илјадници работни места, обезбедивме поголеми плати

01.05.2021 10:13

Премиерот Заев со видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај...

1 Мај –  празникот на работничките и работниците и оваа година го одбележуваме во посебна состојба заради условите што ги наметна пандемијата. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше македонскиот работник – обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници вредни работници редовно да земаат плати и да однесат приход во своето семејство, наведува премиерот Зоран Заев во видео обраќање по повод Меѓународниот ден на трудот.

Работните места на прво место! Тоа беше главната цел на првите состаноци со економските тимови кога почна пандемијата. И задоволен сум што оваа наша цел немаше многу противници – напротив, преку заеднички консултации и со фирмите и со синдикатите, успеавме да ги задржиме работните ангажмани на многу наши граѓани и со тоа да ја држиме економијата жива и динамична, истакнува Заев.

Тој потенцира дека со тоа уште еднаш се докажа дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество. Премиерот нагласува дела економијата е стабилна, кризата ја поминавме без поголеми потреси и конечно излегуваме од неа.