Кабул
Завршна фаза од повлекувањето од Авганистан
01.05.2021 10:18
Претседателот Бајден го означи 1 мај како почеток на повлекувањето на околу 2.500-3.500 американски и околу 7.000 НАТО војници.

По 20 години со повлекувањето на последните американски и НАТО војници почна завршната фаза од крајот на т.н. вечна војна во Авганистан. Се очекува да заврши до крајот на летото.
Претседателот Бајден го означи 1 мај како почеток на повлекувањето на околу 2.500-3.500 американски и околу 7.000 НАТО војници.
Војската почна да го повлекува инвентарот, при што дел ќе остави кај авганистанските безбедносни сили, а дел ќе се продава како отпад на авганистанските пазари. Опремата се превезува со товарни авиони.
