Без гужви и со растојание граѓаните го празнуваат први мај
Капење во студените води на реката Треска, спорт и прошетка на кањонот Матка. Забраните спречија поголема масовност на најпосетуваните места во главниот град...
Втора година по ред за денот на трудот, наместо излет и скара-пракса што со години се негува, го нема џагорот на луѓето и седенки во природа. Без големи гужви и со меѓусебно растојание најголем дел од граѓаните, барем оние што останаа во Скопје, го празнуваат први мај.
Капење во студените води на реката Треска, спорт и прошетка на кањонот Матка. Забраните спречија поголема масовност на најпосетуваните места во главниот град.
Тивко и мирно, без традиционалната слика на многубројни странски и домашни гости, реквизити за забава и тезги за разни сувенири и забава, годинава граѓаните го поминуваат празникот на трудот 1 мај.
За разлика од минатата година кога полицискиот час на граѓаните им налагаше да бидат дома до 14 часот, годинава е укинат полицискиот час за Велигден.
Александра Спировска
