Партиите со различен став за Меѓународниот ден на трудот
Премиерот Заев со видео пораката за Меѓународниот ден на трудот. Според него, уште еднаш се докажало дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на општеството...

Освен здравјето на луѓето, на прво место на економските приоритети на Владата, поддршка за зачувување на работните места и редовна исплата на плати. Премиерот Заев со видео пораката за Меѓународниот ден на трудот. Според него, уште еднаш се докажало дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на општеството.
Социјалдемократите посочуваат дека и покрај ударот од глобалната Ковид криза, платите продолжиле да растат. За неполни четири години минималната плата се зголемила од 9.000 до над 15.000 денари. Според партијата, пораснале примањата во здравството, образованието, во армијата, во полицијата и во социјалниот сектор.
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, работникот и неговиот труд како никогаш досега е девалвиран и потценет. Годинава е најцрната во делот на економијата. Според Мицкоски има над 60 илјади нови невработени, преку 6.000 компании ставиле клуч на врата а скоро 600 илјади лица живеат во сиромаштија. Од партијата со став, СДСМ и Заев не се грижат за македонскиот работник, туку единствена преокупација, како што велат во ВМРО-ДПМНЕ, им се криминалните зделки и крадење на народните пари.
Власта и опозицијата со различни ставови за политиката и справувањето со Ковид кризата, но секогаш изнаоѓаат можности со консензус во Собранието да ги гласаат пакетот мерките за помош на фирмите и на граѓаните.
Игор Панов
