Подвижни аптеки во руралните средини за три месеци
Обврска да отворат пунктови ќе имаат соспвениците кои имаат две или повеќе аптеки во една општина и пет на цела територија во земјава.

Руралните средини со повеќе од 1.000 до 3.500 жители за три месеци ќе имаат аптеки. Со новиот Закон за здравствена заштита се решава повеќе децениски проблем, жителите нема повеќе да патуваат со километри за да го набават потребниот лек.
„Во овие рурални средини ќе има аптекарски пункт каде лековите ќе ги издава фармацевтски техничар, а еднаш во неделата ќе врши надзор дипломиран фармацевт, за преглед на препишани и издадени лекови за таа недела. имено се работи за воспоставување на правен систем кој придонесува за подобра здравствена заштита на руралните подрачја на државата кои досега не беа соодветно покриени со аптеки“, изјави министерот Тодоров.
Обврска да отворат вакви пунктови ќе имаат соспвениците кои имаат две или повеќе аптеки во една општина и пет на цела територија во земјава.
