Продолжениот празничен викенд направи голема гужва на Пелистер
Во хотелот Молика на прсти се бројат слободните соби. Гости од сите краишта на земјава. Најбројна скопската колонија...

По минатогодишната зачмаеност на Пелистер и по солидната скијачка сезона и исполнетите капацитети на првиот пролетен продолжен празничен викенд се буди надежта дека планинскиот туризам може да фати чекор. Во отсуство на семинарскиот туризам и отсутноста на странските гости во хотелот Молика излегуваат со повеќедневни аранжмани и минимална добивка.
Еднодневните првомајски излетници распостелени во пелистерското подножје а оние од другите општини и со подолг празничен престој во угостителско сместувачките капацитети. Во хотелот Молика на прсти се бројат слободните соби. Гости од сите краишта на земјава. Најбројна скопската колонија. Марија Јованова со семејството доаѓа по пети пат и точно знае зошто.
Убавите пејзажи пред сè чувството да се престојува во услови на пандемија остават впечаток и на оние кои по прв пат се тука.
За волја на вистината сè уште ги нема традиционалните гости од соседните земји но по минатогодишната зачмаеност и главно карантинското сместување впечаток е дека надежта се буди.
Актуелната состојба не ветува дека за скоро ќе се вратат семинарскиот туризам, странските гости и иселениците. Од хотелот Молика велат фокусот останува на домашните гости со соодветни стимулативни мерки.
Постојани темелни планови и пресметки се посебно потребни кога прехранбените продукти поскапуваат, а вие со многу умешност треба да ја најдете минималната рентабилна добивка.
Стевче Митревски
