Велес

Потребно е решение за отпадните води од селата Горно и Долно Јаболчиште

03.05.2021 11:10

Велешани пијат вода од езерото Лисиче, каде се влева реката Тополка, во чиј горен тек завршуваат отпадните и фекални води од населените места Горно и Долно Јаболчиште. Како да се реши овој проблем …

Мора да се реши проблемот со отпадните води кои се влеваат во реката Тополка, која пак ја полни акумулацијата Лисиче, од каде велешани се снабдуваат со вода за пиење. Проблемот е стар, уште со создавањето на езерото но досега, од 2009-та кога системот е предаден за користење, се нема ништо преземено за негово решавање. Во реката Тополка се влеваат отпадните води и фекалиите, од две населени места, Горно и Долно Јаболчиште, кои бројат околу пет илјади жители. Проблемот го актуализираше градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Проекцијата за демографскиот развој на двете населени места Горно и Долно Јаболчиште, кој е достигнат сега, бил предвиден за 2035-та година. Директорот ан ЈВП Лисиче, Дејан Арсовски, вели дека тоа е комунален проблем на Општина Чашка а решението е изградба на канализационен и колекторски систем, со изградба на две пречистителни станици за двете населени места, за што постоела и проектна документација.

Од езерото Лисиче со вода за пиење се снабдуваат освен жителите на Велес и повеќе приградски населби и села во велешко.

 

Петар Печков