Прилеп

Електронските услуги бараат доверба и едукација

01.05.2021 19:16

Минимален е процентот на граѓаните кои завршуваат работа со институциите електронски. Потребни се доверба во институциите и едукација на граѓаните. Недовербата ги задржува традициите со свои очи да се потврди дека работата е завршена …

На шалтер или електронски како да се заврши работа во институциите. Традиционалниот начин сè уште доминира. Оние што ја прифатија дигиталната ера се релаксирани.

Само 1,5 насто од населението се регистрирало на националниот портал е-услуги. Од 789 услуги, само 151 се електронски. Најчесто се бараат уверенија за стаж, лични документи, изводи. Најбарани се дозволите за движење. На локално ниво, под еден насто од кликовите се за електронски услуги кои, пак, се бројат на прсти. Потребно е враќање на довербата во институциите, а тие да ги зголемат е-услуги.

Невладината „Агтис“ тргна во едукација на населението на Прилеп и Долнени преку три центри: со лично објаснување, електронски и со едукатори во населените места.

Здравјето побара да не стоиме пред шалтерите, дигиталната ера корисна употреба на електрониката. Остануваат довербата и едукацијата.

 

Елизабета Митреска