велика сабота

Велика сабота ден на исчекувањето пред Христовото Воскресение

01.05.2021 19:51

Вечерва нема полициски час, вратите на црквите и храмовите отворени за верниците...

Велика сабота – денот меѓу смртта и воскресението. Денот што ги спојува распнувањето и радоста. Ден на исчекување пред Христовото Воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос Воскресе“.

На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. И годинава празнување во кругот на семејството.

Вечерва нема полициски час. Вратите на црквите и храмовите отворени за верниците. Но, мерките мора да се почитуваат.

Поради корона-епидемијата, некои верници иако постеле, сепак одлучиле да не се причестат.

Обредот за причестувањето во Соборниот храм ќе се одвива на неколку места.

Празникот на Христовото Воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот.

 

Наташа Гркова Петрушевска