Никола Крнчев- иконописец и во осмата деценија од животот
Битолчанецот Никола Крнчев ја живее осмата деценија од животот, а зад себе има близу шест децении стаж како иконописец. Еден од најстарите зоографи ниту самиот досега не знае колку духовно богатство создал, но она што знае е дека неговите дела ги има ширум светот. Посебно е горд што со некои колеги во некогашната формирана школа создале кадар кој и во следниот период ќе ја негува оваа дејност...

Иконата е богатство, препознатлив и наследен белег на секој православен дом. Во изработката на овој симбол на христијанството, битолчанецот Никола Крнчев вложил близу шест децени. Љубовта се родила уште од гимназиските денови. Вели, пресудно било тоа што вештините имал можност да ги учи од врвни европски мајстори. Еден од најстарите зоографи и во 74-тата година од животот иконите ги слика со голема љубов. Велигденските и останатите поголеми верски празници, вели ги доживува на еден свој посебен начин, бидејќи тогаш создадените дела најдобро ја оплеменуват душата.
За неговото творечко си-ви ќе рече дека со посебна љубов ги работел иконите со Јован Крстител, а создаденото богатство се брои во илјадници дела кои и самиот не ги памети. Она што посебно го прави горд е тоа што ги има ширум светот.
Додека слика милува и да потпевнува. Свој записис, вели оставил и на ова поле. По иницијатива на помалата сестра, примадоната на македонската песна Виолета Томовска, на првиот фестивал на Цветници во дует со песната „Каде брзаш живот“. Сепак тоа беше само една успешна иницијатива, моја преокупација останува духовното- вели Крнчев.
Стевче Митревски
