Кривична пријава за осум „диви“ копачи

21.03.2014 14:37

Криминалната група од осум диви копачи од археолошки локалитети на територијата на Валандовско-Гевгелискиот регион и на други локации на територијата на Македонија нелегално ископувала и препродава предмети со културно-историска и археолошка вредност...

Кривична пријава за злосторничко здружување, тешка кражба, и уништување и отуѓување на културното наследство, добија осум лица- седум од Македонија и еден бугарски државјанин.

Криминалната група од осум диви копачи од археолошки локалитети на територијата на Валандовско-Гевгелискиот регион и на други локации на територијата на Македонија нелегално ископувала и препродава предмети со културно-историска и археолошка вредност.

Во големата  полициска акција „Аполон“, во повеќе градови низ Македонија, синоќа по направените претреси во куќите и објектите на неколкумина диви копачи, се пронајдени икони и археолошки предмети со голема вредност.

Акцијата ги зафати Гевгелија, Велес и Ново Село.