Евроинтеграции

Османи со посета на Берлин започнува нова европска турнеја

03.05.2021 09:59

Денеска, како што соопшти МНР, Османи е во посета на Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа, Михаел Рот.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, од денеска започнува нова европска турнеја во неколку европски метрополи – Берлин, Копенхаген и Стокхолм, како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите-членки на ЕУ.

Денеска, како што соопшти МНР, Османи е во посета на Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа, Михаел Рот.

Од Берлин, Османи  утре заминува за Копенхаген, на средба со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

Дипломатската турнеја на Османи продолжува со работната посета на Стокхолм, в среда, каде ќе оствари средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.