Медиумските реформи се во застој
Да се формира фонд од јавен интерес за поддршка на објективното, но и на истражувачкото новинарство. Нема развој на регионална и на локална основа во оваа чувствителна област, оценка на претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Чадиковски по повод Светскиот ден на слободата на новинарството...

Работите во новинарството тешко се поместуваат од мртва точка. Извештаите на релевантните организации кои ја оценуваат слободата на медиумите се уште еден показател за медиумската демократска стагнација во земјава, вели за МТВ, претседателот на ЗНМ, Чадиковски.
Причините за ваквите состојби се бројни. Меѓу нив е тенденцијата за зголемување на јавните пари во медидумите, блокираните медиумски реформи, недостиг на правда за новинарите, бидејќи минатата година од 60 напади врз новинари е решен само еден случај, а тука се и неколку скандалозни одлуки на судот во врска со 27-ми април и одбиените тужби на новинарите.
Чадиковски посочува дека ЗНМ бара без одложување измени во Кривичниот законик со што нападите врз новинарите ќе се сметаат како напади врз службени лица. Во однос на 27-ми април, Апелациониот суд да ги преиспита одлуките на првостепените судови.
Здружението на новинарите со цел деблокирање на медиумските реформи ги повика политичките партии и од власта и од опозицијата во процес на избор на новите членови на советите на ААВМУ и на МРТ да се водат од начелото на професионалност, а не според партиската квалификација на кандидатите.
Фиљана Кока
