Неопходна е евиденција на иконите
Конечно ќе се знае со колку икони, пишан материјал и архитектура на црквите и манастирите располага Прилеп. Покрај вредните манастири Трескавец, Архангел Михаил и бројните варошки цркви, најпознатата прилепска црква Свето Благовештение крие бесценети тајни и богатства. Најрбојни и највредни икони...

По пет години, конечно ќе се знае со какво сакрално богатство располага Прилепскиот регион. Се заокружува реевиденцијата на иконите, на новите неевидентирани, а и на пишаниот материјал и на архитектурата во црквите и манастирите. Прилеп не стравува од кражба на иконите, туку копнее по заштита.
Се реевидентираше сакралното богатство во Крушево, Мариово, во Кривогаштани, Долнени. Посебна е приказната за црквата Свето Благовештение која ги даде ретките книжни икони, претставени на изложбата во Њујорк.
Загрижува состојбата на иконите од 19 век за која министерството за култура треба да поведе сметка.
Преку 80 насто од програмата и средствата на прилепскиот музеј се за заштитата на сакралните објекти. Почна заштитата на Успение на пресвета Богородица во Трескавец и, конечната, на Иконостасот во „Свето Благовештение“, прв по големина, трет по вредност во земјава.
Прилепскиот регион е веднаш по Охридскиот со сакралното богатство.
Елизабета Митреска
