Кина

11.000 луѓе на концерт во Вухан

03.05.2021 10:56

Според организаторите на дводневниот фестивал, бројот на посетителите бил ограничен. Дел од нив носеле маски, но повеќето не.

Додека светот е сѐ уште во карантин, илјадници луѓе присуствуваа на музички фестивал во Вухан, кинескиот град од каде почна пандемијата на коронавирусот.

Според организаторите на дводневниот фестивал, бројот на посетителите бил ограничен. Дел од нив носеле маски, но повеќето не.

Музичкиот фестивал се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.