Мерки

Од среда забрана за движење од 23 часот, кафулињата да работат до 22:30- предлага Кризниот штаб

03.05.2021 11:31

Полицискиот час од среда да почнува од 23 часот, а кафулињата да работат до 22:30, предложил Централниот кризен штаб на денешниот состанок. Одлуката треба да биде усвоена на утрешната владина седница. И понатаму дозволено ќе биде да работат само летните тераси на угостителските објекти...

Полицискиот час од среда да почнува од 23 часот, а кафулињата да работат до 22:30, предложил Централниот кризен штаб на денешниот состанок. Одлуката треба да биде усвоена на утрешната владина седница. И понатаму дозволено ќе биде да работат само летните тераси на угостителските објекти.

Кафулињата и кафеаните со последните мерки на владата се отворени од 28-ми април и работаат до 20:30 часот, а полицискиот час почнува од 21 часот. Слободно движење, без полициски час имаше во саботата, за прославата на Велигден. Полициски час нема да има ни за Рамазан Бајрам, вечерта на 12-ти мај.

Изминативе денови паѓаат бројките на новозаразени лица со коронавирус. Вчера беа регистрирани 105 нови случаи на Ковид-19 од 946 тестови, а активни се 14.276 случаи.

Од утре почнува и масовната вакцинација против Ковид-19 со кинеската вакцина во Скопје и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, а според распоредот на веќе пријавени граѓани ќе биде и распределена и бројката на вакцини.