Чешка
Бабиш: Не ни треба „Спутник В“
03.05.2021 11:46
Бабиш не ја исклучува употребата на „Спутник В“ во земјата, но само по одобрување на Европската агенција за лекови.

„Спутник В“ повеќе не е потребен во Чешка, има доволно други вакцини против коронавирус, изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш. Претседателот Земан, во повеќе наврати изјави дека руската вакцина може да се користи во Чешка и дека, според него, одобрувањето на националниот регулатор би било доволно за тоа.
Бабиш не ја исклучува употребата на „Спутник В“ во земјата, но само по одобрување на Европската агенција за лекови.
Од почетокот на пандемијата во Чешка се регистрирани 1,63 милиони случаи на коронавирус, оздравени се 1,55 милиони, а починале 29.300.
